Претседателството на либералната група „Да ја обновиме Европа“ во Европскиот парламент донесе едногласна одлука да препорача престанок на членството во нејзините редови на бугарската партијата Движење за права и слободи (ДПС) предводена од контроверзниот бизнисмен Делјан Пеевски.
Како што се наведува во соопштението на РЕ, за оваа иницијатива ќе расправа Бирото на групата на состанокот закажан за доцна попладнево и доколку ја поддржи, согласно статутарните правила, на 14 јануари ќе се гласа за престанокот на членство на ДПС во „Да ја обновиме Европа“.
Според претседателката на РЕ, Валери Ајер препораката за итно исклучување на бугарската партија од либералната група е усвоена затоа што „вредностите на фракцијата ДПС-Пеевски се суштински некомпатибилни со оние на „Да ја обновиме Европа““.
– Владеењето на правото е ДНК на нашата група, додаде Ајер.