Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ахмети вели „ДУИ е ураган“, од ВРЕДИ со контраудар „ДУИ пропаѓа“

Додека лидерот на интегративците Али Ахмети, од новогодишниот прием вечерва порача дека „ДУИ е ураган“, од ВРЕДИ, го велат спротивното, дека Демократската унија е готова. Од коалицијата ВРЕДИ, посочуваат дека “Албанците се будат, а ДУИ пропаѓа.

„По постојаните демаскирања и анкети кои ја ставаат ДУИ во нон грата во слободен пад, партијата на црната листа тешко ги полни салите Али Ахмети и неговата клика, кои ја искористија моќта да го ослободат Мијалков од затвор, мислат дека со триковите на најмладиот жител на американската црна листа, Артан Груби, можат да го релативизираат своето страшно невладеење. Не сте во право, бидејќи Албанците веќе не се слепи, не можете повеќе да ги користите како топовско месо, ниту како изборен алат“, велат од ВРЕДИ.

Во свото обраќање од приемот, Ахмети пак, рече дека меѓуетничките односи се клучот за иднината на земјава. Според Ахмети, да се користи селективна правда со реторика „повторно Македонија на Македонците“, е неправедно и опасно, ‘очигледно во правосудниот систем се користи селективна правда, кадрите Албанци се омаловажуваат’.

„Ќе биде пружен ‘невиден отпор’ со секој обид за промена на Законот за јазиците. Не сакаме конфилкт, туку влез во Европската унија. Единственото решение за владеење на правдата е спроведување на ветинг, кој го избегнуваат сите политички страни“, рече Ахмети.

„Сме биле покрај Македонците во најразлични ситуации и ќе останеме, но не прифаќаме тие да бидат аги, а ние да бидеме слуги. Додека немаме вистински ветинг, додека имаме селективно судство што не врши функција според законите, туку нештата ги гледа од која етничка припадност доаѓаш, упатувам порака без оглед на политичката чистка и бурите што ги прават, дека ДУИ е ураган“, изјави Ахмети.

На ваквите коментари, од ВРЕДИ возвратија, дета тие се надежда и будењето на Албанците. Коалицијата ВЛЕН не е само политичка сила, туку народно движење за правда и промени“, велат од Вреди.

„Да го заборавиме Чудовиштето! Да го заборавиме Сопот! Да го заборавиме маалото на храбрите!
Да ја заборавиме Соравија! Да ја заборавиме Лотаријата и многу други работи за 20 години власт! Коалицијата ВЛЕН не е само политичка сила, туку народно движење за правда и промени“, велат од Вреди.

Зачлени се на нашиот е-билтен