Во Русија осуден Американец на 15 години затвор поради шпионажа

Судот во Русија денеска  осуди американскиот државјанин Џин Спектор на 15 години затвор поради шпионажа.

Спектор покрај затворската казна треба да плати и парична казна во висина од 14 милиони рубљи (134.000 евра).

Судењето се одвиваше зад затворени врати и не се познати детали од обвинението.

Спектор, Американец со руско потекло, исто така беше осуден во септември 2022 година на 3,5 години затвор за корупција.

Зачлени се на нашиот е-билтен