Со 28 гласа „за“ и два „против“ градските советници денеска го изгласаа буџетот на Град Скопје за 2025 година, кој изнесува 140 милиони евра.
За предлог-буџетот беа поднесени 42 амандмани од повеќе политички партии, но по координацијата на советничките групи со претседателот на Советот, Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска, дел од нив беа самостојно повлечени од предлагачите, а дел се одбиени поради технички неправилности.
Предлог-буџетот го образложи Јулијана Тасиќ од Секторот за финасии од Градот Скопје, која посочи дека во него се содржат проекти што се наменети за подобрување на инфраструктурата, изградба и реконструкција на патишта и инфраструктурни објекти и сите други капитални проекти, каде инвестицијата опфаќа период подолг од една година.
Овој буџет за 2025 година е последен што сее носи во мандатот на градоначалничката Данела Арсовска и на актуелниот состав на Советот.
На седницата е изгласана и Одлуката за извршување на буџетот на Градот за следната година.
Инаку, на дневен ред на денешната седница на градскиот Совет е и точката со која се бара цената по изминат киломеетар на приватните епревозници да се зголеми за 20 денари.