Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сирискиот министер за надворешни работи го предупреди Иран да не шири хаос

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ги повика младите Сиријци „цврсто да се спротивстават на оние кои ја оркестрираа и ја предизвикаа несигурноста.

Новоименуваниот сириски министер за надворешни работи Асад Хасан ал Шибани му порача на Иран да не шири хаос во Сирија, туку да ја почитува волјата на сирискиот народ и суверенитетот на земјата.

„Иран мора да ја почитува волјата на сирискиот народ и суверенитетот и безбедноста на земјата. Ги предупредуваме да не шират хаос во Сирија и ги сметаме за одговорни за последиците од последните изјави“, рече Шибани во објавата на X, пренесува Ројтерс.

Тој не прецизираше на кои изјави се однесува.

Во телевизискиот говор во неделата, иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи ги повика младите Сиријци „цврсто да се спротивстават на оние кои ја оркестрираа и ја доведоа оваа несигурност“.

„Предвидуваме дека во Сирија ќе се појави силна и чесна група бидејќи денес сириската младина нема што да изгуби. Нивните училишта, универзитети, домови и улици се небезбедни“, рече Хамеини.

Сириските бунтовници го соборија претседателот Башар ал Асад на 8 декември по 13-годишна граѓанска војна.

Иран потроши милијарди долари за поддршка на Асад за време на војната и ја распореди својата Револуционерна гарда во Сирија за да го задржи својот сојузник на власт.

Соборувањето на Асад нашироко се смета за голем удар за политичката и воена алијанса „Оската на отпорот“ предводена од Иран, која се спротивставува на израелското и американското влијание на Блискиот Исток.

Зачлени се на нашиот е-билтен