Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Москва започна масовен ракетен напад врз Украина, во Полска полетаа авионите на НАТО

Најмалку три лица се ранети денеска во голем руски ракетен напад врз Харков, на североистокот на Украина, изјави градоначалникот Игор Терехов.

Украинските воздухопловни сили објавија дека утрово Харков бил нападнат со балистички проектили, а локалниот гувернер Олег Синегубов во објава на Телеграм рече дека во нападот била оштетена „цивилна нестанбена инфраструктура“.

Министерот за енергетика на Украина Херман Галушченко изјави дека Русија „масовно го напаѓа енергетскиот сектор“, поради што е ограничено снабдувањето со електрична енергија, пренесува Ројтерс.

Според Киев Индипендент, североисточниот град Харков бил меѓу најтешко погодените, бидејќи бил изложен на „масивен ракетен оган“ од балистички ракети. Најмалку шест лица се повредени.

Експлозии беа забележани и во Днепар, Кременчук, Криви Рих и во западниот град Ивано-Франковск.

Неколку градови во Украина воведоа итни прекини на струја поради нападите. „Непријателот повторно масовно го гаѓа енергетскиот сектор“, изјави украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

Најголемата приватна приватна енергетска компанија во Украина, ДТЕК, подоцна објави дека Русија ги нападнала нејзините термоелектрани, „сериозно оштетувајќи ја опремата“. Локацијата на објектите не е соопштена.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека руските стратешки бомбардери Ту-95 полетале во текот на ноќта, а подоцна беше соопштено дека од Црното Море биле лансирани голем број крстосувачки ракети Калибр.

Веднаш реагираше Полска, од каде беа лансирани борбени авиони на НАТО како одговор на руската ракетна закана во западна Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен