Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Папата Франциск ја предводеше мисата на Бадник во Ватикан пред илјадници верници

Папата Франциск вчера ја предводеше бадниковата миса во базиликата Свети Петар во Ватикан, на која присуствуваа илјадници верници.

На мисата и претходеше отворањето на „Светите врати“, кои го симболизираат почетокот на католичката света година, позната и како јубилеј. Светата година се слави на секои 25 години и се смета за време на мир, простување и помилување.

Оваа традиција датира од 1300 година, кога за прв пат ја вовел папата Бонифациј VIII.

Папата Франциск ја отвори „Светата врата“, посебен чин кој претставува надеж и обнова за верниците ширум светот.

Папата рече дека приказната за раѓањето на Исус треба да ги поттикне луѓето да се надеваат дека секој може да влијае на светот.

-Надежта е покана да не се одолговлекува, да не се задржуваме од старите навики или да останеме во просечност или мрзеливост. Надежта нè повикува да бидеме вознемирени од нештата што се погрешни и да најдеме храброст да ги промениме, рече папата Франциск.

Зачлени се на нашиот е-билтен