Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Словенија го забрани величењето на четниците и усташите

Парламентот на Словенија изгласа измени на Законот за зачувување на јавниот ред и мир, со кои се забранува користење и истакнување симболи или други облици на глорификација поврзани со нацизмот, фашизмот, и соработниците на овие режими.

„Забраната ги опфаќа знамиња, симболи, песни, униформи, па дури и однесување кое би можело да сугерира величење на нацизмот и фашизмот,“ пренесуваат словенечките медиуми.

Со усвоените измени, забраната ги опфаќа и четниците, усташите, како и словенечките соработници на фашистичките сили од Втората светска војна.

Прекршителите на законот ќе се соочат со казни од 500 до 1.000 евра.

На седницата гласаа 48 делегати за усвојување на законот, додека шест беа против. Претставниците на опозициската Словенечка демократска партија (СДС), предводена од поранешниот премиер Јанез Јанша, не присуствуваа на гласањето.

Зачлени се на нашиот е-билтен