Патнички авион се урна во близина на градот Актау во казахстанската област Мангистау, соопшти Министерството за вонредни состојби на Казахстан.
Според медиумските извештаи, во авионот имало најмалку 67 патници и пет члена на екипажот.
Авионот на Азербејџан ерлајнс летал од Баку кон Грозни во Чеченија, Русија, но бил пренасочен поради магла во Грозни.