Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Најмалку 50 Палестинци загинаа во нов напад на Израел во Газа

Најмалку 50 лица, меѓу кои пет медицински работници, загинаа вечерва во напади на израелски воени авиони врз болницата Кемал Адван во Појасот Газа.

Во соопштението на палестинското Министерство за здравство во Газа се наведува дека израелската армија со воздушни напади ги бомбардирала зградите околу болницата „Кемал Адван“ на северот на Газа.

Беше посочено дека во напад во близина на болницата биле убиени здравствените работници Абдулмеџид Абу ел Ајс и Махир ел Акрами, а нивните тела се уште не можат да се извадат од улица поради нападите кои се во тек.

Упатен е апел до меѓународната заедница да го заштити цивилното население во Газа од израелските напади.

Израел ја продолжи геноцидната војна против Газа во која загинаа речиси 45.400 луѓе, главно жени и деца, од прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври 2023 година.

Минатиот месец, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.

Зачлени се на нашиот е-билтен