Дали почнуваат рестрикции – Поголем дел од Ѓорче Петров без струја

Утрово, нешто пред 11 часот, поголем дел од скопската населба Ѓорче Петров остана без електрична енергија. Засегнати се деловите околу надвозникот кај Даме Груев, улицата Борис Сарафов (поранешна 4-ти Јули), како и околните улици во близина на Европската очна болница.

Во моментов, не се познати причините за прекинот, ниту пак кога ќе биде обновено снабдувањето.

На броевите на ЕВН никој не одговара, ниту пак на меил.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?