Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Петгодишното дете од сообраќајката кај Рашче е во стабилна состојба, 23 – годишната девојка била зад воланот

23-годишната Н.А. управувала со возилото „Ауди“ кое пред два дена излета од патот Сарај-Рашче и заврши во реката Вардар, соопшти МВР.

Несреќата однесе три животи, откако лицата останаа заглавени во возилото во реката. Телото на исчезнатиот А.А. беше пронајдено вчера, во 14:48 часот, во близина на местото на несреќата.

Според полицијата, жртвите се Н.А. (23), В.А. (25) и З.А. (59), сите од село Грчец, скопско. Единствениот преживеан е 5-годишно дете кое излетало од возилото при падот. Детето, кое се спасило фаќајќи се за гранки, било забележано од локални минувачи.

Обдукција е наложена за сите жртви, со цел да се утврдат причините за смртта, потврди ОЈО. „Се работи на утврдување на околностите за трагичната несреќа. Истрагата продолжува за да се расветлат сите детали“, изјавија од обвинителството.

Детето, кое беше повредено, е во стабилна состојба и наскоро се очекува да биде пуштено на домашно лекување. „Детето не е витално загрозено. Се следи неговата состојба и се очекува позитивен исход“, изјави директорот на Детска хирургија.

Полицијата продолжува со истражување на случајот и презема неопходни мерки за целосно расветлување на трагичната сообраќајна несреќа.

Зачлени се на нашиот е-билтен