Масовен хакерски напад денес се случил врз комуникациските системи на Крим, соопшти регионалното министерство за информации.
Операторите за комуникации биле изложени на масовен напад поради што биле нарушени сервисите.
Министерството навело дека DDoS нападот може да ја наруши работата на некои служби, и оти експерти работат на одбивање нападот.
Не се соопштени размерите на DDoS нападот за попречување или оневозможување на работата на интернет сервисот, кој попречува мрежа, компјутер или друг дел од инфраструктурата на таков начин што нивната употреба е невозможна.