Десетина граѓани кои се идентификуваат како македонски Бугари денеска оддадоа почит на спомен-плочата на Мара Бунева, поставена на кејот на Вардар во центарот на Скопје. Чинот е организиран по повод 97 години од нејзината смрт, како што традиционално го одбележуваат секоја година.
Претходно, тие присуствуваа на панихида во црквата „Св. Димитрија“, по што положија цвеќе на спомен-плочата и пред фотографија од Бунева. По оддавањето почит и заедничкото фотографирање, учесниците се разотидоа.
Еден од присутните, запрашан од медиумите, изјави дека очекуваат македонските Бугари да бидат вклучени во Уставот на Северна Македонија.
„Македонија си е држава, но има и македонски Бугари. Ние, месните овде што се собираме, сме македонски Бугари. Очекуваме ова прашање наскоро да се реши. Тоа е природен процес и мора да се случи, бидејќи само ние сѐ уште не сме вклучени во Уставот,“ истакна тој.
Мара Бунева (1902 – 1928), родена во Тетово, останува историска фигура поради нејзиниот атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ на 14 јануари 1928 година, по што се самоубила.