Апелација со ослободителна пресуда за Боки 13 за предметот „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски, познат и како Боки 13, доби ослободителна пресуда во предметот „Меѓународен сојуз“.

Денеска, Апелациониот суд во Скопје ја преиначил првостепената одлука со која тој беше осуден на пет години затвор, а информацијата ја објави неговиот адвокат Сашо Дуковски.

Преку објава на социјалните мрежи, Дуковски ја потврди одлуката и изрази задоволство од судскиот исход.

„Ете, правдата е спора, но достижна! Апелациониот суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од пет години!“, напиша адвокатот.

Јовановски во октомври 2025 година беше осуден на пет години затвор за измама и перење пари, во повторената постапка за случајот. Според обвинението, преку проект за изградба на домови за стари лица биле измамени двајца бизнисмени, а дел од средствата наменети за реализација на проектот биле искористени за финансирање на телевизијата „1ТВ“ и за лични потреби.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?