Иницијативата „ПроГлас“ ги повика граѓаните денеска, во 11:52 часот, да застанат каде и да се наоѓаат, во знак на поддршка за студентите, преку акцијата „Застани, Србијо. Застани со студентите.“
„Професори, земјоделци, адвокати, доктори, уметници, работници, службеници, рудари, новинари, таксисти, војници, полицајци, инженери, архитекти, занаетчии, пилоти, психијатри, фризери, банкари, социјални работници, готвачи, месари, столари, келнери, дизајнери, фотографи, ветеринари, чистачи… Застани, Србијо. Застани со студентите,“ апелираат од Иницијативата.
Акцијата во Белград ќе се одржи пред Правниот факултет, Адвокатската комора на Србија и Белград, како и на улицата Коларчова.
Слични собири ќе бидат организирани и во Нови Сад, Сремски Карловци, Бечеј, Врбас, Сремска Митровица, Инџија, Бач, Смедерево, Мајданпек, Горњи Милановац, Ваљево, Краљево, Лучани, Богатиќ, Рашка и Гуча.