Дали Трамп утре ќе го врати TikTok во САД?

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, најави можност за одложување на забраната за популарната апликација TikTok на 90 дена, откако ќе ја преземе претседателската функција во понеделник.

Во интервју за NBC, Трамп изјави дека одложувањето е „веројатно соодветно“, но нагласи дека конечната одлука сè уште не е донесена.

„Сметам дека продолжување од 90 дена е опција што ја разгледуваме. Тоа е сериозна ситуација што бара внимателно разгледување,“ изјави Трамп.

Забраната за TikTok беше усвоена со поддршка од двете партии минатата година и неодамна беше потврдена од Врховниот суд. Според Трамп, конечната одлука за одложување ќе биде објавена најдоцна во понеделник.

Од своја страна, TikTok соопшти дека ќе биде принуден да ги прекине сите активности во САД доколку Белата куќа не даде јасна изјава за иднината на апликацијата. Со ова, од утре TikTok би станал недостапен за над 170 милиони корисници ширум САД.

Оваа најава на Трамп дава надеж за милиони корисници, кои се надеваат на позитивен развој на ситуацијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен