Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трамп е најстариот американски претседател на Денот на инаугурацијата

Новиот 47. американски претседател Доналд Трамп, кој за помалку од два часа во ротондата на Капитол треба да положи заклетва од денеска ќе биде најстариот претседател во моментот кога ја презел функцијата. Роден во Њујорк, на 14 јуни 1946 година, Трамп треба да стане најстариот човек што некогаш ја презел функцијата претседател на САД.

Овој 78-годишник е пет месеци постар од возраста на Џо Бајден во моментот кога во 2021 година ја презеде функцијата и кој претходно го држеше рекордот за најстар претседател на Денот на инаугурацијата.

Во 2017 година, на 70-годишна возраст, Трамп стана најстариот претседател инаугуриран за прв пат, надминувајќи го Роналд Реган, кој имаше нешто помалку од 70 години на Денот на инаугурацијата во 1981 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен