Во чест на 44-от роденден на својот трагично загинат брат, Тоше Проески, денеска се огласи неговата сестра, Дора.
Тоше, македонскиот ангел и една од најголемите музички ѕвезди на нашите простори, на денешен ден ќе наполнеше 44 години. Тој беше ненадминато популарен и талентиран пејач, но животот му беше пресечен на 26-годишна возраст во страшна сообраќајна несреќа во Хрватска на 16 октомври 2007 година.
Дора Проеска, сестрата на Тоше, сподели емотивна фотографија од роденденска торта украсена со ангелски крилја и крст, на која се наоѓа и слика на Тоше во позадина, покажувајќи дека болката по неговата загуба сè уште е неизмерна.
Тој ќе остане незаборавен во срцата на своите обожаватели и семејството.