Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Новата концепција на Јаневска ќе ги исфрли на улица професорите по филозофија, логика и етика

Повеќе од триесет професори по филозофија, логика и етика од средните училишта од Македонија ја орфрлија концепцијата на министерката за образование Весна Јаневска, предметите филозофија, логика и етика да станат изборни. Во писмото професорите напишаа дека анализите покажуваат дека во сите Европски земји се инсистира на философско образование, а со отстранувањето на философијата во македонското образование, учениците ќе бидат отсечени од основите на Европската цивилизација а со тоа земјава ќе стане периферија која самостојно избрала да се апстрахира од современите текови.

Тие предупредуваат дека ваквата промена ќе создаде генерации ученици со ограничено критичко размислување и недостаток од разбирање на етичките и логичките принципи.

„Како ќе мислат учениците ако не ги знаат законите на логиката? Како ќе бидат доблесни ако не ги знаат начелата на етиката? Ниту математиката и природните науки, ниту општествено-хуманистичките науки, нема да ги научат учениците во што се состои човечката среќа“, реагираат професори од неколку скопски гимназии.  

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска од друга страна убедува дека не станува збор за конечна одлука, туку се работи за работна верзија која ќе се комплетира откако ќе бидат согледани сите засегнати кои ќе дадт образложение.

„Не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени од концептот за реформа во гимназиското образование. Се работи за драфт верзија поставена на јавна расправа“, вели Јаневска.

Според министерката целта на концепцијата е да им се даде можност на учениците да изберат што ќе учат врз основа на индивидуалните потреби и интереси.

Според дел од директорите на средните училишта физоофијата и етиката не се единствените кои ќе претпритат рестрикции согласно предложената нова концепција. Со неа превдидено било да се намали и фондот на часови по физичко образование.

Зачлени се на нашиот е-билтен