Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Жртвите на комунистичкиот режим во Источна Германија ќе добиваат повисоки пензии и компензација

Жртвите на комунистичката партија која владееше со поранешната Германска Демократска Република (ГДР) ќе добијат поголема финансиска поддршка, одлучи Бундестагот, јави ДПА.

Мерката, која вчера едногласно беше усвоена, предвидува зголемување на пензиите од 330 на 400 евра. Дополнително, средствата ќе се зголемуваат автоматски секоја година и повеќе нема да бидат врзани за потребите на лицата кои се помагаат. Предлог-законот мора да биде одобрен и од германскиот Бундесрат (Горниот дом на парламентот), а се очекува да стапи во сила на 1 јули.

Евелин Зупке, која е претставник на жртвите на партијата Социјалистичко единство на Германија, ја поздрави реформата како „признание за сите оние кои зборуваа против диктатурата“.

Лицата кои беа насилно преселени од пограничните области во внатрешноста на Источна Германија ќе добијат еднократна отштета од 7.500 евра. Станува збор за значително поголема сума од првично предложените 1.500 евра.

– Многу жртви на политички прогон во Источна Германија денес едвај врзуваат крај со крај, рече Зупке.

Зачлени се на нашиот е-билтен