Битолското обвинителство бара да остане во притвор обвинетиот за семејно насилство

Битола
Основниот и Апелациониот суд во Битола, Фотографија: Е.М.

Продолжување на притворот за обвинет за напад врз неговата девојка побара Основното јавно обвинителство Битола, кое поднесе обвинителен предлог за телесна повреда нанесена при семејно насилство.

Обвинителството оценува дека и натаму постојат ризици обвинетиот да го избегне кривичниот прогон и повторно да постапи насилно. Како значајна околност ги посочува информациите дека по настанот избегал од полициска станица и неколку дена не бил достапен.

Обвинение за семејно насилство

Нападот за кој се товари се случил на 10 ноември во неговиот дом во Битола.

Според обвинителниот предлог, по вербална расправија ја удирал девојката со тупаници и шамари по лицето, а потоа ја стегал за вратот и устата. Обвинителството наведува дека кај неа биле нанесени површинска телесна повреда, неколку нагмечувања и крвни подливи.

Делото е опфатено со член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, кој се однесува на телесна повреда при вршење семејно насилство.

Судот треба да одлучи

Обвинетиот веќе бил во притвор во текот на постапката за прибирање докази. Јавниот обвинител сега предлага мерката да продолжи и по поднесувањето на обвинението.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?