Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Автомобил удри во две лекарки на протестите во Белград

Две лекарки се повредени во денешниот инцидент во Белград при блокада за да им се оддаде почит на загинатите во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Како што изјави за Н1 една нивна колешка, видно потресена, едната моментално е во Ургентниот центар и чека дијагностика, додека другата добива помош во Заводот за ментално здравје.

„Се работи за 29-годишна лекарка специјализантка по психијатрија и специјализантка. Двете се удриле во главите и а едната веќе има хематом на лицето, но и двете се добро, но дефинитивно треба да се прегледаат“, изјави докторката.

Таа додаде дека лекарите од Институтот за ментално здравје во Палмотиќева улица со недели излегуваат на блокада секој петок во 11,52 часот.

„Во тој момент колоната веќе застана, возачот ја заобиколи колоната и тргна во рикверц, па помислија дека сака да се сврти и да замине, но, според нив, намерно забрзал за да помине низ нив. Помладата докторка успеа да се помрдне, инаку ќе завршеше на хаубата, но и двете паднаа и со главите удрија во бетонот“, вели докторката која исто работи во Заводот за ментално здравје.

Зачлени се на нашиот е-билтен