Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Крвави отпечатоци од раце на протестот пред Кривичен по смртта на Фросина

Граѓаните извикуваат „правда, правда“ стигнувајќи пред Кривичниот суд во Скопје. Се бара одговорност за тоа кој му дозволил на 20-годишниот Васил Јованов и понатаму слободно да се движи, а се водело случај против него за друго кривично дело. Судот потенцира дека кога му се судело на Јованов за најдените 80 пакетчиња амфетамин, тој имал чисто досие, не бил осудуван, па со оглед на тоа што го наложува Законот за правата на децата, а судијката му дала шанса да се рехабилитира место да го стави во затво и му изрекла мерка за во поправниот дом во Тетово.

Предметот стигнал во Апелација во ноември, но таа се уште нема донесено одлука, па практично Јованов никогаш не заминал ниту во домот во Тетово, во кој според пресудата требало да биде најмалку 6 месеци, а најмногу 5 години односно до наполнети 23 години.

Јованов пред два дена смртно ја прегази младата неготинчанка Фросина Кулакова. Иако бил добро познат на органите на прогонот за претходни прекршоци, продолжил да вози без никакви последици.

Во тек е триминутен молк во чест на настраданата девојка. Полицијата информира дека моментално околу 1000 лица се пред Судот. Поголема беше бројката која најпрвин се собра на местото каде што беше прегазена Кулакова, која по трасата преку Собранието и Обвинителство, сега стигна пред Кривичен.

И понатаму се скандира „убијци, убијци“, „Нема правда, нема мир“. „Нема да ви помине“, „Затвор за Васил“…

Дел од насобраните, претежно млади лица и студенти, почнаа да исцртуваат „крвави раце“ со црвена боја на тротоарот пред зградата на Кривичниот суд.

Во говорот на еден од присутните се бара од младите да не дозволат да бидат злоупотребени од власта и опозицијата.

Извор Локално

Зачлени се на нашиот е-билтен