Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка

Велес

СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело “насилство” по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, кога група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар.

Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди.

П.А. е лишен од слобода и по насоки на Јавен обвинител од ОЈО Скопје за кривично правниот настан поднесена е кривична пријава по брза постапка.

Во врска со насилството полициски службеници од СВР Скопје во полициска станица ги приведоа и М.М.(18) и Д.П.(18) двајцата од Скопје. Воедно СВР Скопје продолжува со повикување на лица кои ќе се утврди дека биле учесници на слученото насилство и против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

МВР апелира до навивачките групи за фер и спортско однесување, а од страна на полицијата нема да биде толерирано ниту едно насилство.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Никаков ефект - нашите млади веќе се спремаат да се иселат 890 (42%)
42 %
Само партиска козметика - партиите во МК ќе измислат свои „студентски крила“ за да го скротат бранот 479 (23%)
23 %
Ќе ги охрабри младите - политиката не е резервирана само за „старите играчи“ 378 (18%)
18 %
Паника во власта - политичарите ќе нудат бенефици за да пресретнат револт 369 (17%)
17 %

Најчитано