ВИДЕО Со траорна тишина почна протестот за Фросина, родителите скршени

Со траорна тишина започна денешниот протест во Скопје, организиран за преранозагинатата Фросина Кулакова, која трагично ја загуби животот пред само неколку дена. Под паролата „Секој еден може да е следен“, насобраните граѓани се собраа во центарот на градот за да го изразат својот револт против системот и да побараат правда за несреќната млада жена.

Маршот го предводат родителите и сестрата на Фросина, додека присутните носат црни маички на кои стои „Правда за Фросина“.

Маршот почнува од Универзална, Собрание, ОЈО и ќе заврши пред Кривичниот суд.

Иницијативата „Кој е следен?“ објави јасни правила и препораки за протестниот марш, кој започна пред Универзалната сала без провокации, со јасна порака за потребата од безбедност на улиците и одговорност на институциите.

„Ги повикуваме сите загрижени граѓани да излезат и да го изразат својот револт. Колку несреќи треба да се случат за одговорните да ја сносат својата одговорност?“ – гласи дел од повикот на организаторите.

Денеска на протестот во Кавадарци се обрати и сестрата на Фросина, Росица Кулакова, која со силни зборови нагласи дека луѓето кои не ги почитуваат законите, не треба да бидат дел од јавниот живот. „За Фросина бараме правда, не само од убиецот, туку и од оние кои не излегоа јавно да изразат сочувство,“ рече Росица, нагласувајќи дека правдата мора да биде извршена.

Фросина беше прегазена на пешачки премин од Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло. За овој трагичен случај, Јованов е под истрага, а против него се поднесени претходни кривични пријави за слични прекршоци.

Стотици граѓани и во петокот се собраа пред фотографијата на Фросина, запалија свеќи и положија цвеќе, а потоа маршираа до Кривичниот суд со извалкани раце од црвена боја, извикувајќи „Убијци!“. Гласот на народот е јасен – правдата мора да победи.

Денешниот протест не е само повик за правда за една трагична жртва, туку и за сите оние кои се погодени од непочитувањето на сообраќајните правила и нарушената безбедност на улиците. Граѓаните бараат одговорност и итни промени во урбаната инфраструктура за да се спречат вакви трагедии во иднина.

Зачлени се на нашиот е-билтен