Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда против негователката во градинка – Злоупотреба на службената положба и овластување 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од 5 години по правосилноста на пресудата. Надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на пресудата поради одлуката за кривичната санкција.
Во октомври 2023 година, беше објавено дека воспитувачка во градинката „Димче Мирчев“ во Велес им давала на дечињата да консумираат чад од електронски цигари. Тоа траело извесно време се додека неколку од децата не се пожалиле на болки во градите и им раскажале на родителите што се случувало. Тие пак со заверени изјави се обратиле кај директорката на градинката која што веднаш ја суспендирала од работното место и покренала дисциплонска постапка.
Негувателката тогаш беше суспендирана и против неа беше покрената дисциплинска постапка.