Тезата дека сообраќајката немала да се случи ако возачот добиел затворска казна е неточна и лаичка! Тој сѐ уште не е правосилно осуден и се чека одлука од Апелација. Тоа значи дека и да добиeл затвор ништо немало да се промени.
Ова е коментар на проф. д-р Гордан Калајџиев, еден од нашите врвни познавачи на Кривичниот законик и на кричното право, објавен на неговиот профил на социјалните мрежи како реакција дека Васил Јованов кој во сообраќајна несреќа смртно ја прегази Фросина Кулакова, немало да ја направи сообрќајката ако бил правосилно осуден за неговите претходни кривични дела.
Професорот ги објаснува околностите кои покажуваат дека тоа не можело да влијае на неговите подоцнежни дејствија.