Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полициска акција против Одделот за општи и заеднички работи во МВР

Полициска акција се спроведува во моментов во врска со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во Министерството за внатрешни работи.  

-Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен Јавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР, потврдија од МВР.

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.

Според се уште неофицијалните информации, како што објавија дел од медиумите, станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила.

Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија.

Зачлени се на нашиот е-билтен