Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Турците бараат вработувања и втор службен јазик во општините каде се над 20 отсто

Комисијата за заштита од дискриминација утврдила дека општините во кои е зголемен бројот на турско население над 20 отсто, ги дискриминираат Турците. Од Сојузот на турски невладини организации најавија дека во следните недели слични претставки ќе има и за министерства, училишта, клиники…Според пописот од 2021, во Северна Македонија 3,9 отсто граѓани се од турска етничка припадност.

Две од вкупно три општини каде Турците се повеќе од 20 отсто, како и и Народниот правобранител ги дискриминирале граѓаните од турска етничка припадност, врз основа на вработувања и на јазик. Ова го утврдила Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) по претставки поднесени од Сојузот на турски невладини организации (МАТУСИТЕБ) кој обединува 66 здруженија на Турците во Северна Македонија.

Последната одлука на комисијата во која утврдува дискриминација е од 28 јануари. Сојузот почнал со претставките по април минатата година и ги поднесува во континуитет.

Претставките против општини следувале по резултатите од пописот во 2021 година, кои покажуваат дека бројот на турско население надминал 20 отсто во општините Карбинци, Василево и Конче. Повикувајќи се на уставното начело за соодветна и правична застапеност, реагирале дека турскиот јазик не се употребува како втор официјален јазик во овие општини.

Втората реакција е затоа што немало вработено Турци во општинските служби.

Повеќе на Радио Слободна Европа

Зачлени се на нашиот е-билтен