Во контекст на актуелноста на барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори во мај, Биљана Јордановска, ЦИВИЛ, како дел од мултимедијалниот и медиумски настан „Перспективи 2023“, става акцент на (не)можноста за нивно одржување.
Борбата ќе се води на многу поинакво ниво. Треба многу да внимаваме на хибридната војна придружена со дезинформации, пропаганда и говор на омраза. Ако во континуитет не ги мониторираме, не ги разобличуваме и не ја пласираме вистината што се крие зад нив, односно зошто се креирани, со која цел, со која намена, тогаш можеме да се доведеме во ситуација да предизвикаме состојби или последователни настани што би довеле до предвремени парламентарни избори кои воопшто не се потребни. Една година бргу ќе помине, а веќе во 2024 година имаме редовен изборен циклус, изјави Јордановска.
камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети
Извор: CivilMedia