Мусолини веќе не е почесен граѓанин: Салo ја избриша неговата фашистичка историја

Италијанскиот град Сало, кој беше последното упориште на фашистичката влада за време на Втората светска војна, го одзеде статусот на почесен граѓанин на диктаторот Бенито Мусолини. Градскиот совет донесе одлука со 12 гласа „за“ и 3 „против“, по два неуспешни обиди во претходни години.

„Никој не сака да избрише историски факт, но сакаме да свртиме нова страница со силна симболична вредност и да покажеме дека Мусолини нема место во денешна Италија,“ изјави градоначалникот Франческо Кањини.

За претставничката на десничарската опозиција, Ерминија Бонфанти, оваа иницијатива е „бесполезна и бесмислена борба против италијанските градови.“

Мусолини, лидер на Фашистичката партија, владеел со Италија од 1922 до 1943 година, а потоа со германско-нацистичката Сало Република во северна Италија од 1943 до 1945 година. Статусот на почесен граѓанин му беше одземен и во Фиренца (2009), Торино (2017) и Пиза (2017), а во некои други места, како Болоња, тој сè уште е почесен граѓанин.

Зачлени се на нашиот е-билтен