Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи паднаа под 106 долари за барел поради сигналите за можно дипломатско решавање на војната против Иран.
На берзата во Лондон барел нафта денеска се тргуваше за 105,83 долари, што е за 7,60 долари помалку во споредба со цената во петокот.
На американските берзи нафтата се тргуваше за 96,95 долари односно за 7,17 долари поевтино од петокот.
Октомври заврши со највисока цена по барел во изминатите шест месеци, поради стравувањата од ескалација на состојбата на Блискиот Исток по среднорочните избори во САД, што ќе се одржат во вторник.
Најавите за можен договор се појавија пред утрешните меѓуизбори во САД каде Доналд Трамп се соочува со намалена поддршка од електоратот
