Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Инфографик: Зголемен број на клиенти на Скопскиот Квир Центар, најголем процент се геј мажи

Исто така во 2022 година, корисниците на услуги на скопскиот Квир Центар оствариле вкупно 422 посети од кои 122 советувања со социјален работник, 298 советувања со психотерапевт, едно советување со правник и во еден случај е пружена психосоцијална поддршка на терен.

Вкупниот број на клиенти што се обратиле минатата година во Скопскиот Квир Центар е зголемен за половина повеќе од претходната година што е индикатор на драстично ослободување на  ЛГБТИ+ луѓето во однос на нивното отворање на проблемите преку овој Центар. Според податоците на Центарот, а систематизирано според целната група односно категоријата на клиенти, најголем број на од корисниците на услуги во минатата година , 40 лица се геј мажи, 12 се лезбијки, 7 се бисексуалци, 5 се трансродни лица, а 5 се родители и други членови на семејството на ЛГБТИ+ лица.

Исто така во 2022 година, корисниците на услуги на скопскиот Квир Центар оствариле вкупно 422 посети од кои 122 советувања со социјален работник, 298 советувања со психотерапевт, едно советување со правник и во еден случај е пружена психосоцијална поддршка на терен.

На клиентите кои се обраќаат до Центарот најчесто им е потребна поддршка да се соочат со изложеноста на врсничкото насилство и дискриминацијата, вели за  НоваТВ Давид Тасевски – психолог, извршен директор на Квир центарот.

Во скопскиот Квир центар, за услуги од областа на психотерапија и социјална заштита, важно е да имаме на ум дека ЛГБТИ+ клиентите се јавуваат поради истите причини како и хетеросексуалните луѓе. Она кое е дополнителен проблем за заедницата, е изложеноста на врсничкото насилство и дискриминацијата од рани години, кое негативно се одразува на менталното здравје, вели Тасевски.

Кога некој ќе праша „кои се тие права кои им се ускратени на ЛГБТИ+ луѓето“, ова е одговорот: 

Подоцна како возрасни, продолжуваат да се соочуваат со нееднаквости и скратување на нивните права, па така, за разлика од хетеросексуалните луѓе кои нивните права ги добиваат и ги сметаат за секојдневние, ЛГБТИ+ луѓето се соочуваат со ускратување на социјални, пензиски, имотни, здравствени права. Така што, кога некој ќе праша „кои се тие права кои им се ускратени на ЛГБТИ+ луѓето“, ова е одговорот. Поставувањето прашања од типот „па, кои права ги немаат“, или „зошто Прајд како настан“, е одговарано повеќе пати, меѓутоа присутната хомофобија во општеството не сака воопшто да ги слушне одговорите на овие прашања, вели Тасевски.

Центарот е отворен пред 2 години

Напорно работевме на отворање на ваков центар, вакво советувалиште за ЛГБТИ+ луѓето, бидејќи иако потребите од овој тип се поголеми кај ЛГБТИ+ луѓето токму поради загрозувањето на нивните права, ние советувалиштето го отворивме пред само 2 години, кое во споредба со советувалиштата кои постојат веќе 20 години за други целни групи, повторно ни зборува за состојбата со правата на ЛГБТИ+ луѓето во Македонија.

Порастот на клиенти низ инфографици на Скопскиот Квир Центар

Центарот бележи 53% зголемување на клиентите во 2022 споредбено со минатата година. Најголем број од посетите се однесуваат на советување со психотерапевт или социјален работник.

Во 2022 година се регистрирани вкупно 69 клиенти, корисници на некоја од услугите за психосоцијална и правна поддршка за ЛГБТИ+ луѓе што ги нуди скопскиот Квир Центар. Тоа претставува 53% зголемување споредбено со вкупниот број на клиенти во 2021 година.

Според целната група односно категоријата на клиенти, од корисниците на услуги во скопскиот Квир Центар во 2022 година, 40 лица се геј мажи, 12 се лезбијки, 7 се бисексуалци, 5 се трансродни лица, а 5 се родители и други членови на семејството на ЛГБТИ+ лица.

Во 2022 година, корисниците на услуги на скопскиот Квир Центар оствариле вкупно 422 посети од кои 122 советувања со социјален работник, 298 советувања со психотерапевт, едно советување со правник и во еден случај е пружена психосоцијална поддршка на терен.

Освен советувалиштето во кое ЛГБТИ+ луѓето можат да добијат бесплатни услуги на бројот 075 314 123, со помош на Совет на Европа, ја отворивме и Националната ЛГБТИ+ линија – 075 241 124, каде не само ЛГБТИ+ луѓето, туку и нивните семејства и стручните служби од центрите и училиштата, можат да добијат совет, консултација или препраќање.

Националната ЛГБТИ+ линија нуди анонимно и доброволно советување за ЛГБТИ+ луѓе, родители, старатели и стручни тимови. Од неговото отворање во август 2020 година до крајот на 2022 година, овој сервис има забележано 94 клиенти што оствариле 183 повици.

Ана Василевска

Извор НоваТВ

Најново