Движењето за бојкот на американски производи се шири низ Европа како реакција на промените во американската политика – од воведените царини за европските стоки до односот кон руската агресија во Украина.
Во Шведска, оваа иницијатива особено доби замав на социјалните мрежи. Групите „Boykot varer fra USA“ и „Bojkotta varor från USA“ на Фејсбук обединуваат десетици илјади членови кои повикуваат на бојкот на брендови како „Мекдоналдс“, „Кока-Кола“, „Најк“, „Левис“, „Нетфликс“, „Гугл“ и „Ербнб“.
„Тешко е, бидејќи речиси сè е под американско влијание. Би требало да се бојкотира огромен број производи“, коментира еден од членовите. Друг додава дека ретко се размислува за потеклото на производите при купување, што го прави бојкотот предизвик.
Јаник Кохинур, основачка на една од групите, изјави дека ова е нејзин начин да изрази несогласување со американските политики. Таа беше критикувана што ја користи Фејсбук, платформа во сопственост на американската „Мета“, но истакна дека засега нема подобра алтернатива.