Државата ќе набави 3.000 тони ориз за резерви

Агенцијата за стокови резерви ги заврши подготовките за набавка на 3.000 тони оризова арпа, откако со законски измени оризот беше вклучен во државните резерви. Според министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, повикот за набавка ќе биде објавен наскоро.

„Важно е стоковите резерви да се полнат со македонски производи, а оваа мерка ќе придонесе и за регулирање на откупот на оризот“, изјави Трипуновски, најавувајќи можни измени во политиката за стокови резерви.

Зачлени се на нашиот е-билтен