Бруцошот Јан Стојановски освои сребрен медал на 19. Математичка олимпијада за студенти на Југоисточна Европа (SEEMOUS) што се одржа во Корча, Албанија. Стојановски е единствениот претставник од Македонија. Тој паралелно студира два факултета, физика и математика на институтите при Природно-математичкиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Стојановски е еден од најнадежните македонски млади таленти за наука. Во изминатите години тој редовно учествуваше на меѓународните натпревари во хемија, па се пренасочи на физика и математика. Како средношколец редовно освојуваше медали за македонските тимови.