Се судрија танкер и товарен брод во Северното море, спасувачка операција во тек

Британските власти се алармирани откако танкер и товарен брод се судрија кај брегот на Источен Јоркшир, предизвикувајќи пожар на танкерот.

Крајбрежната стража добила повик во 9:48 часот по локално време, по што бил повикан спасувачки хеликоптер, чамци за спасување, авион и блиски бродови со можности за гаснење пожари.

Според два извори на кои се повикува Би-Би-Си, танкерот со нафта кој учествувал во сударот и кој се запалил е STENA IMMACULATE, танкер под знамето на САД, изграден во 2017 година. Товарниот брод е со португалско знаме и се вика Солонг.

На местото на настанот се наоѓаат чамци за спасување и противпожарни екипи, додека спасувачката операција ја координира крајбрежната стража.

„Крајбрежната стража моментално го координира одговорот за итни случаи на извештаите за судир меѓу танкер и товарен брод во близина на брегот на Источен Јоркшир. Алармот се вклучи во 9:48 часот. Од Хамберсајд беше повикан спасувачки хеликоптер на крајбрежната стража, заедно со чамци за спасување од Скегнес, Бридлингтон, Мејплторп и Клиторпс, авион со фиксни крила на крајбрежната стража и блиски бродови со способност за гасење пожар. Операцијата е во тек“, соопшти британската крајбрежна стража.

Зачлени се на нашиот е-билтен