Пратениците на владеачката коалиција во Унгарија изгласаа забрана за настаните на гордоста и одобрија користење на софтвер за препознавање лица за да ги идентификуваат учесниците и потенцијално да ги казнат. Амнести интернешенел го опиша овој акт како „целосен фронтален напад“ врз ЛГБТК+ луѓето.
Законот – најнов од премиерот Виктор Орбан и неговата десничарска популистичка партија за таргетирање на правата на ЛГБТК+ – беше изгласано во парламентот во вторникот. Се верува дека оваа забрана е прва од ваков вид во поновата историја на ЕУ. Законот беше усвоена со 136 гласа „за“ и 27 „против“ откако беше поднесена до парламентот еден ден претходно, пишува британски Гардијан.
Со овој закон се менуваат и законите за организирање собири и претходно донесените закони за „заштита на децата“ на Унгарија, кое забранува какво било „прикажување или промовирање“ на хомосексуалност на малолетници помлади од 18 години.
Законодавството беше осудено од Амнести интернешнал, која го опиша како најнова во низата дискриминаторски мерки што унгарските власти ги презедоа против ЛГБТК+ луѓето.
„Лажното оправдување за донесувањето на овој закон – дека настаните и собирите би биле „штетни за децата“ – се заснова на штетни стереотипи и длабоко вкоренета дискриминација, хомофобија и трансфобија“, се вели во соопштението.
„Овој закон е целосен фронтален напад врз ЛГБТИ заедницата и очигледно кршење на обврските на Унгарија да забрани дискриминација и да гарантира слобода на изразување и мирно собирање“, се вели во извештајот, додавајќи дека забраната ќе го врати часовникот 30 години наназад во Унгарија со поткопување на тешко стекнатите права.
Хаџа Лахбиб, еврокомесарката за еднаквост, рече дека новиот закон е спротивен на вредностите на блокот од 27 нации, објавувајќи: „Секој треба да може да биде тоа што е, да живее и да сака слободно. Правото на мирно собирање е основно право што треба да се брани низ Европската унија“.
Откако пратениците првпат го поднесоа предлог-законот во понеделникот, организаторите на Будимпешта Прајд рекоа дека законот има за цел да го претвори ЛГБТК+ малцинството во „жртвено јагне“ со цел да ги замолчи критичарите на владата на Орбан.
„Ова не е заштита на децата, ова е фашизам“, напишаа организаторите. Будимпешта Прајд оваа година ќе ја одбележи својата 30-годишнина, соединувајќи илјадници луѓе за да ја направат видлива борбата на заедницата за слобода, безбедност и еднакви права, дури и кога оние на власт постојано се обидуваат да ги обезличат, се истакнува.
Организаторите рекоа дека не планираат да го прекинат со маршот на гордоста во Будимпешта, и покрај одредбите на законот дека оние кои присуствуваат на забранет настан може да се соочат со казни.
Додека се одржуваше гласањето, пратениците од опозицијата запалија димни бомби, полнејќи ја собраниската сала со густи облаци шарен чад.