Саем на студии во Франција 2026

студии во Франција

Традиционалниот Саем за студии во Франција, ќе се одржи во вторник, 24 ноември 2026, од 11 до 16 часот, во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Настанот ќе го отвори Н.Е г-дин Кристоф Ле Риголер , Амбасадор на Франција, во 12 часот.

Ова е одлична можност за македонските средношколци и студенти да ги добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција. Но исто така и за остварување на контакти и договори за соработки помеѓу француските и македонските универзитети.

На саемот ќе се претстават 6 француски високообразовни институции, меѓу кои четири државни универзитети чија образовна понуда опфаќа широк спектар на области : од природните и техничките науки, медицината, правото, економијата и општествените науки, па се до спортските науки, уметноста и креативните индустрии, меѓу кои и приватна школа специјализирана за графички дизајн, анимација, видеоигри и аудиовизуелни уметности БРАСАР, како и приватната школа КЕЏ Бизнис Скул, која нуди студии по бизнис, менаџмент и сродни области.

Настанот се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје и француската агенција за високо образование Кампус Франс.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?