Мицкоски: Протестите се демократска алатка на изразување незадоволство

Протестите се демократска алатка на изразување незадоволство. И јас сум нервозен, верувам дека сите сме незадоволни од сето тоа што се случува и тука не треба да имаме дилема, истакна премиерот Хртистијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за најавените протести.

    -Работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме. Многу работи изминативе 9 месеци, откако е избрана оваа Влада, се решија. За многу работи оваа Влада беше браник да не дозволиме да продолжи понижувањето, разграбувањето, националното уништување на Македонија. Јас апсолутно се придржувам на изразувањето револт и гнев затоа што уште многу работи пред нас останаа да се решат, но ќе се бориме до последен атом енергија кој што го имаме да исправиме нешто во име на идните генерации кои што доаѓаат, рече Мицкоски.

    Премиерот посочи дека преку ноќ не може ништо да се направи.

    -Иако направивме многу работи изминатиов период, поразивме неколку мафијашки здруженија кои за жал функционираа во државата, ќе продолжиме во периодот кој што следи. Од сега па натаму јас само би посакал да сите останеме фокусирани и обединети во решавање на проблемите, рече Мицкоски.

    Најчитано