Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, пријавил кражба на службено возило од сопственост на општината.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Митески (37) го пријавил случајот на 7 април во 22 часот во Полициската станица Аеродром. Тој навел дека автомобилот „Ауди“ со скопски регистарски таблички бил украден од гаражата на општината на булевар „Јане Сандански“ во периодот од 4 април во 15:30 часот до 7 април во 20:40 часот.
Возилото подоцна било пронајдено на улицата „Перо Наков“, но без една од регистарските таблички.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.