Нема повредени во пожарот близу Клинички, се запалиле два автомобили и фасада од зграда

Автомобил се запали претладнево на ул. „Владимир Назор“ до Клиниката за гинекологија во Скопје и веќе е изгаснат од противпожарните служби. Нема повредени лица, а причинета е материјална штета, изјави за МИА Звонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Град Скопје.

Пожарот е пријавен во 09.55 часот.

Интервенирано е со едно возило и четири пожарникари.

И од МВР потврдуваат дека нема повредени.

„Денеска (10.04.2025) во 09.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Назор“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „цитроен ксара“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од М.Г. од Скопје.

Од пожарот било зафатено и патничко возило „фиат пунто“ и фасада од зграда. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, велат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен