Лондонските власти го затворија луксузниот ресторан „Beach Blanket Babylon“ во Нотинг Хил, кој го посетуваат членови на британското кралско семејство, поради нехигиенски услови, вклучително и присуство на глувци, стаорци и бубашваби, објави денеска „Дејли мејл“.
Властите велат дека измет од глувци бил пронајден и во храната во ресторанот, кој го посетува британското кралско семејство и ѕвездите Рита Ора и Селена Гомез.
По две инспекции, во 2022 и 2023 година, локалната власт покрена обвиненија против деловните оператори Роберт Кенет Њумарк и Конор Џорџ Томсон-Мур.
Тие признале „сериозни прекршоциво врска со храната“, по што обвиненијата против Њумарк биле отфрлени, а Томсон-Мур се очекува да биде осуден кон крајот на оваа година, пишува „Дејли мејл“.