Им се допаѓа ли на синдикатите минималната кошничка скроена од Владата на Мицкоски

Во минималната кошничка скроена од Владата на премиерот Христијан Мицкоски, нема да има одмор во странство, (кој понекогаш може да биде и поевтин од домашниот), нема да има ниту по една чаша вино или ракија на ден, ниту пак, банани ако не се во сезоната кога се берат. Децата чии родители се со просечни примања ќе јадат само сезонско овошје.

Вака скроената кошничка е според пресметките на Владата на Мицкоски бидјќи од таму сметаат дека одредени овошја и одморите не заслужуваат место во изготвената нова просечна потрошувачка кошничка – бидејќи тие се „луксуз“.

Од владата најавија дека новата владина кошничка се очекува да биде објавена до крајот на месецов.

„Нашата просечна потрошувачка кошничка,сигурно нема да користи во пресметките акцизнистоки, како што се алкохол, цигари, летување востранство и така натака. Бидејќи тоа го сметаме залуксуз, или пак овошја кои не се карактеристичкиза одредена сезона во годината, сето ќе биде врзбаза на релевантни податоци од цените одрелевантни производи кои што се користат засезонски“, рече Марјан Ристески – заменик министер за економија.

Но податоците покажуваат дека во пресметките на синдикалната минимална кошничка, нема летување во странство, туку седумдневно летување во бунгалови во Дојран. Додаваат дека несериозно е владата да прави кошнички и да им покажува на граѓаните колку пари се потребни за живот.

„Ние ги имаме во кошничката најосновните продукти за живот,далеку од тоа дека имаме одмор во странство, туку имаме седум дена летување во бунгалово во Дојран и чини не повеќе од 20илјади денари, што за нас е мизерно да не можат да си го дозволи работник кои треба да работи и треба да заработи во државата.“ „Но пресметката за целата година кажува дека еден работник треба да проба и дња и цреша и лубеница и сето тоа што го нуди нашето поднебје. Ние таму немаме ни аспарагус ни манго ни пајпаја ни некакви експлузивни овошја ни зеленчуци“, рече Иван Пешевски – потпреседател на Сојуз на синдикати на Македонија.
Новата просечна потрошувачка кошничка иако првично требаше да ја изготвуваат синдикатите заедно со властите, сепак ја изготвуваат само властите, односно министерството за Економија, Земјоделие, Финансии, Државниот пазарен инспекторат, со помош од комисијата за заштита на кокнуренцијата. Првично за да биде верифукувана просечната кошничка таа ќе треба да помине и на Економско социјалниот совет.


Во Меѓувреме Синдикалната минимална кошничка се пресметува да со цел да се докаже на Владата дека и со 60 илјади денари не се живее во месецот.

Зачлени се на нашиот е-билтен