Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Радев: Бугарија има јасно изразени амбиции за развој на високотехнолошки зелени индустрии

Бугарија има јасно изразени амбиции за развој на високотехнолошки зелени индустрии. Ова го изјави претседателот Румен Радев на потпишувањето на декларацијата со која Бугарија се приклучи на Европската алијанса за батерии. Шефот на државата додаде дека е убеден дека со вклучувањето на Бугарија во Европската алијанса за батерии, земјата ќе може да го развие својот потенцијал.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

 Потпишувањето се случува во време кога во Европа се во тек големи и динамични процеси за преиспитување на севкупниот пристап на Европската унија кон единствениот пазар. Период на распоредување на долгорочната стратегија за конкурентност на ЕУ. Шефот на државата го коментираше новиот европски акт за индустријата со нула нето емисии.

Приклучувањето кон Европската алијанса за батерии отвора нови хоризонти за бугарската наука, индустрија и иновации, смета претседателот. „Не само преку пристапот до фондот на алијансата, кој е значаен, туку пред се преку можноста да учествуваме, да соработуваме и да се интегрираме во водечки проекти за наука, иновации, истражување, туку и на полето на нови деловни случувања преку многу повеќе – интензивно инвестициско партнерство“, објасни Румен Радев.

Шефот на државата увери дека Бугарија ќе заземе важно место во Алијансата и во овој сектор на европската индустрија. „Не само со својот човечки и индустриски капитал, туку и со екстракција на обоени метали кај нас. Бугарија е шеста во овој сегмент во ЕУ. Нашата земја произведува седум отсто електролитски бакар во ЕУ и осум отсто олово, посочи претседателот. Радев упати честитки и до автомобилската индустрија која има над 11 отсто придонес во бруто домашниот производ на земјата, 350 компании и 70.000 вработувања.

Според него, треба да сфатиме дека Европа зема курс кон одлучувачка трансформација за да воспостави јасна насока за постигнување стратешка автономија преку развој на иновативна, но и полноправна, сеопфатна индустрија и енергија.

Извор МИА и БТА)

Најново