На прес конференција на организацискиот секретар Мартин Костовски, СДСМ денеска објавуви конкретни факти – со вредности, цени, договори и јасна математика поврзани со најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ и изградбата на пазарот во Неготино.
Според СДСМ овој скандал открива алармантни сомнежи за расипничко и криминално трошење на народните пари и покажува како ДПМНЕ прави бизнис на грбот на граѓаните на Неготино.
На прес конференцијата на Костовски презентираше документи во кои, во Договорот за пазарот во Неготино, класифициран како „урбана опрема“, склучен со една од омилените фирми на ДПМНЕ – МАСТЕФ ДООЕЛ, во вредност од околу 420.000 евра за набавка и изведба на 1 м² кровен сендвич панел е наплатено 10.000 денари.
„Во реалноста, на пазарот, во било кој склад во малопродажба цената на 1 м² сендвич панел (со дебелина од 5 см), со највисок квалитет, се движи околу 1.000 денари. (16 или 17 евра).За сендвич кров за кој наготинчани платиме 10.000 денари за квадрат. Да не е златен? Да не го набавија од Белизе?“, праша денеска Костовски
Тој презентираше јавно достапни цени и на тоа ја додаде цената за работна рака со 1.000 денари и вкупната цена доаѓа до 2.000 денари за метар квадратен.
„Што значи тоа? Разликата до 10.000 денари е 8.000 денари по м², или 130 евра повеќе – за СЕКОЈ квадрат. За вкупно 440 м², тоа се 60.000 евра разлика – само за покривот“, рече Костовски и праша „во чии џебови завршиле парите од разликата“.
Костовски рече дека „тоа не е тендер, тукуграбеж“.
Цените се тука, бројките се јасни, математиката е немилосрдна. Општините на ДПМНЕ вртат тендери со цени што се пет пати повисоки од реалните и затоа, како што укажа Костовски, СДСМ бара итна истрага.
„Го повикуваме Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да постапат. Граѓаните заслужуваат одговорност, а не криминални договори“, рече организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски на прес конференцијата за најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ и изградбата на пазарот во Неготино.