А.О. (26) од Белград е уапсена поради упатување заканувачка порака до претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ.
Откако Брнабиќ ги известила надлежните институции дека добила заканувачка порака од непознат телефонски број, по наредба на дежурниот јавен обвинител на Првото основно јавно обвинителство Белград, инспектори на Полициската управа за град Белград го утврдиле идентитетот на лицето кое ја испратило заканувачката порака, соопшти Првото основно јавно обвинителство.
На осомничената А.О. (26), како што се наведува, и е одредена мерка притвор поради сомнение дека сторила кривично дело загрозување на сигурноста.
Во рок од 48 часа, во просториите на Првото основно јавно обвинителство во Белград, осомничената ќе биде сослушана за околностите на кривичното дело што и се товари, по што јавниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошна постапка, се додава во соопштението.