Машко тело пронајдено во опожарената барака на Жданец во Скопје

Жданец

Пожар целосно изгорел барака на улицата „Жданец“ во Скопје, а по гаснењето на огнот во објектот било пронајдено тело на починато машко лице.

Според информациите од полицискиот билтен, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 14 ноември, во 23:40 часот. Бараката била во сопственост на 56-годишен скопјанец со иницијали М.Р.

Пожарот го изгаснала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, по што во внатрешноста на објектот било пронајдено телото.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Засега нема дополнителни информации за идентитетот на починатиот и за причините за пожарот.

Извор: МВР

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?