Брутално претепана и фрлена девојка во Охрид, насилникот е уапсен

Охрид

Во Охрид е уапсен 31-годишен маж откако физички ја нападнал својата девојка во автомобил додека не изгубила свест. Полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К. во неделата во 05:05 часот, по претходна пријава за напад.

Според неофицијални информации, напаѓачот претходно ѝ го скршил телефонот на девојката. На нападот му претходела расправија по излегување од дискотека, откако таа му кажала дека не сака да се опива.

Осомничениот ја тепал девојката во автомобил до онесвестување и продолжил да вози низ Охрид. Кога таа се освестила, тој го запрел возилото во близина на маркет и ја исфрлил од автомобилот на улица.

Охрид

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, изјави дека против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по целосното документирање на случајот. Основниот јавен обвинител во Охрид сè уште нема добиено пријава.

Постапката за осомничениот засега е поведена за кривично дело телесна повреда од член 130 став 2 од Кривичниот законик. Основниот јавен обвинител во Охрид соопшти дека постапува за целосно испитување на настанот.

Девојката е хоспитализирана во здравствена установа за коскено-зглобни заболувања во Охрид, позната како Костозглобна болница или специјална болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо. Кај неа е констатиран потрес на мозокот.

Според неофицијални информации, таткото на приведениот маж е вработен во Управата за јавни приходи, а мајката е поранешна членка на Државната комисија за спречување на корупцијата и поранешна јавна правобранителка.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?